Силјановска Давкова со поглаварите и претставниците на верските заедници: изразена подготвеност за соработка

Foto-8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот: поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис ул Улема Хаџи Шаќир ефенди Фетаи, поглаварот на Католичката црква, Скопски бискуп и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, суперинтендентот на Евангелско – методистичката црква, Марјан Димов, претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.


На средбата таа се заблагодари за упатените честитки по повод нејзиното стапување на функцијата.

Претседателката ја изрази својата подготвеност за соработка со сите верски заедници и религиозни групи во државата, во интерес на меѓусебното разбирање и почит.

Ја истакна и важноста на верските заедници во негувањето на соживотот, како важен предуслов за просперитетот и напредокот на државата и изрази увереност дека верските заедници ќе продолжат да даваат активен придонес во напорите за одржување и натамошен развој на добрите меѓуверски односи.

Претседателката Силјановска Давкова ја поздрави работата на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи и придонесот во градењето на доверба и соработка меѓу верските заедници и религиозни групи, заштита на секуларниот карактер на државата и унапредување на верските слободи и права на граѓаните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK