Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер присуствуваше на приемот, што за учесниците на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин го приреди претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.
Двајцата претседатели остварија куса средба, на која разменија мислења за пост-изборниот период во земјата и формирањето на новата влада и очекувањата за спроведување на реформите на македонскиот пат кон Европската Унија.