Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска учествуваше на Конференцијата за обнова на Украина, што се одржува во Берлин.
Сиљановска Давкова за време на своето учество на конференцијата ја истакна потребата за нов вид Маршалов план за разрушената Украина и неопходноста за инвестирање не само во патната и во енергетската инфраструктура, туку и во човечката, образовна, социјална и нормативна инфраструктура.
Обновата на Украина, според претседателката Сиљановска Давкова е и обнова на европската и на светската солидарност и емпатија.
Таа изрази надеж дека македонската и украинската иднина ќе бидат во Европската Унија.