Сиљановска Давкова именуваше претседател и членови на Комисијата за помилување

Screenshot-2024-07-29-183320.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за помилување.


За претседател на Комисијата за помилување именуван е Методија Каневчев, а за членови на комисијата се именувани Гордан Калајџиев, Арлинда Кадри Шахиновиќ, Зора Митиќ, Ана Ѓорѓиева Ивановска, Саше Димовски и Ајтен Шаќири.

При изборот и именувањето на членовите на Комисијата за помилување претседателката Сиљановска Давкова се водеше по критериумите за стручност, компетентност и конкурентност. Именуваните членови се истакнати експерти и познавачи од областа на правото, соопштија од нејзиниот кабинет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK