Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Македонија, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот се случил во 14 часот и 7 минути по локално време, на 15 километри од Охрид, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ пишуваат дека земјотресот траел кратко, но дека го почувствувале.
„Како некој да ми го затресе каучот“, „Кратко, но моќно“, „Тоа траеше кратко, но се чувствуваше“, се само дел од коментарите на граѓаните.
🔔#Earthquake (#земјотрес) M3.5 occurred 15 km S of #Ohrid (Republic of North Macedonia) 3 min ago (local time 14:07:56). More info at:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/SmcV3yEYJc
🖥https://t.co/FmO253z6S4 pic.twitter.com/aHfinCzY3q— EMSC (@LastQuake) July 7, 2024