За две години локалната власт на ДПМНЕ во Градот Скопје буквално го уништи јавниот градски превоз и создаде хаос во јавниот транспорт, изјави советникот од СДСМ во Советот на Град Скопје, Гордан Шутаров.
Рече дека граѓаните кои во огромен број го користат јавниот превоз секој ден, мака мачат да стигнат на работа, на училиште, на факултет, на пазар. Дури се случи и тоа да за прв пат во историјата Скопје да остане без јавен превоз.
„ДПМНЕ го уништи ЈСП Скопје а две години, само заради политички хирови го блокираше проектот за нов и еколошки јавен транспорт БРТ. ЈСП Скопје се дави во долгови, не може да подели плата и не може да функционира. ДПМНЕ го создаде хаосот во ЈСП а советниците од оваа партија, кои го имаат мнозинство во Советот и се власт, не ја поддржаа одлуката за субвенционирање на ЈСП на вчерашната седница. Политичките интереси на Мицкоски и ДПМНЕ секогаш се пред интересот на граѓаните, пред интересот и потребите на скопјани“, обвини Шутаров.
СДСМ иако е опозицијата во советот на градот Скопје, вели тој, секогаш е на страната на граѓаните, го штити интересот на скопјани.
Тврди дека ДПМНЕ на вчерашната седница на Советот на Град Скопје направи обид повторно да го блокира функционирањето на јавниот превоз. Рече дека ДПМНЕ го уништиле ЈСП, а советничката група на СДСМ и коалицијата заедно со останатите свесни и одговорни советници успеале да го спасиме Јавното претпријатие од нови блокади.
Со доделените субвенции, рече тој, возачите во ЈСП ќе може да земат плата, да се сервисираат долгови а тоа во овој момент е најважно за граѓаните да имаат каков таков јавен превоз.