Шукова: Македонија препозната како лидер за спроведување на Програмите на ГЕФ за биолошка разновидност

Screenshot-2023-08-25-105230.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамките на мисијата за зацврстување на соработката со ГЕФ и зајакнување на меѓународната поддршка, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, оствари билатерален состанок со раководителката за биодиверзитет и земјиште во УНЕП, Дорин Робинсон.


На состанокот се разговараше за досегашната успешна соработка, се направи пресек на заедничките активности и се детерминираа новите можности за соработка во рамките на Програмите на ГЕФ.

Нашата држава беше посочена како лидер во регионот во спроведувањето на Програмите на ГЕФ, особено во областа на заштита на биолошката разновидност и заштита од деградација на земјиштето, заради што државата е одбрана за домаќин на состанокот на Конституенцата на Глобалниот фонд за животна средина за Европа и Централна Азија кој ќе се одржи во октомври оваа година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK