„Што сте се фатиле околу Бесија, зошто да ја разрешам“ – Демири за директорката на Токсикологија вели дека таа не го прекршила законот

iljazi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство, Илир Демири, и денес повтори дека не планира да ја разреши организациската директорка на Клиниката за Токсикологија, Бесија Иљази, по скандалите во последните месеци.


„ Зошто да ја разрешам? Сте се фатиле околу Бесија. Таа не ги вработиле тие 18 лица, туку се вработени во 2023. Каде бевте вие и останатите директори и министрите да кажувате за квалитет и неквалитет? Зошто дозволувате тие луѓе да се на список на дежурства и смени, а месец дена пред изборите, реагирате зошто се вработени? Имам факти дека медицинскиот директор заедно со другиот колега кои се трудеа да направат мобинг, сум ги разрешил. Каде беше ДСЗИ кога тие пет месеци не примале плата и да реагираат? Тие работеле 12 месеци, каде бевте вие да прашате за одговорност. Бесије кога ќе го прекрши Законот, или Шукароски или Александра, како и да се вика, јас ќе го разрешам. Таа не го прекршила законот. Каде е ДСЗИ да достави извештај за случувањата на хируршките сали“, рече Демири.

Министерот денес објави дека е разрешен директорот на Клиниката за кардиохирургија, д-р Марјан Шокаровски. Ова се случува по наодите за зголемена смртност на Клиниката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK