Три години се живееше во ограничувања и со рестриктивни мерки, а враќање на животот во нормала одеше постепено. Но, сега откако научивме да живееме и со присуството на Ковид-19, но не во пандемиски размери, се чини дека е вистинско време да се постават одредени прашања. Преиспитувањето се чини посебно важно затоа што микробиолози и епидемиолози, научници и истражувачи повеќе пати предупредуваат дека Ковид-19 досега беше најстрашната глобална здравствена закана, но ниту е единствена а уште помалку последна.
Пример треба да започнеме со прашањето што навистина научивме од Ковид-19? Дали и во случај на следна епидемија ќе правиме експерименти со сомнителни лекови, а ќе спориме официјално одобрени методи.
„Ивермектинот“, ветеринарен антипаразитски лек со широк спектар на делување, кој се користи за лекување животни, во првиот ударен бран на вирусот се користеше и како превенција и за лекување на Ковид 19. Уште пред да се започне со терапевтско лечење со „Ивермектин“, многу пациенти го примаа на своја рака, купувајќи го од соседните земји, а домашните епидемиолози и микробиолози укажаа дека овој лек може да направи пресврт во пандемијата.
По ова, на 2 јануари, 2021 година Комисијата за заразни болести, откако доби уверување дека лекот е евтин и ефикасен, даде зелено светло да се користи кај нас. Лекот не се произведува во Македонија, а дотогаш не беше ни регистриран и затоа се направи интервентен увоз на лекот. Веќе на 14 јануари Министерството за здравство информира дека стручниот колегиум за ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија изготви Протоколот за лекување на пациентите со ковид-19 и истиот е доставен до матичните лекари.
продолжете со читање на netpress.com.mk