Ивановска: Претседателката на ДКСК мора под итно да си поднесе оставка, на потег е Собранието


Biljana-Ivanovska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, мора итно да си поднесе оставка, затоа што на овој начин сè уште ја инфицира институцијата, порача поранешната претседателка на ДКСК Билјана Ивановска.


Според Ивановска несомнено е нанесен тежок удар врз општеството, граѓаните и институцијата, нагласувајќи дека не е момент да се седи со скрстени раце. На потег, вели, сега е законодавниот дом пред кого одговараат и претседателката и членовите на Антикорупциската комисија.

Димитровска минатата недела се најде на листата осомничени во случајот „Адитив“ поради оддавање службени тајни на друг обвинет во случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK