­

Шокантни се изјавите на Таравари за грбот и химната, велат од СДСМ


Taravari-so-grbot.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на Мицкоски преку министерот за здравство, Арбер Таравари, којшто повеќе наликува дека е министер без ресор, не’ информираше денес дека за неа поголем приоритет е решавањето на наводно отворените прашања за химната и грбот, а дури потоа фокусирање на проблемите како економијата, платите и здравството, изјави Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.


„Оваа шокантна изјава на министерот Таравари, кој се занимава со сè освен со здравството, за што е задолжен, потврдува дека Владата целосно се има откажано од она што навистина им е приоритет на граѓаните. Наместо решенија за реалните проблеми, Владата ќе го замајува народот со теми од минатото за да го одвлече вниманието од болната сегашност. А реалноста е дека за само осум месеци, Владата ја втурна државата во економска криза и сега ѝ требаат овие теми за да ја дефокусира јавноста“, рече Илиевски.

Министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата „Влен“, Арбен Таравари, изјави дека е подготвен не само за грбот туку во пакет да се разговара за менување и на химната и на 20 отсто Албанци, но и за други нерешени етнички прашања. Неговиот став е дека во пакет треба да се решат овие прашања што останале нерешени во последните 30 години за да може да се посветиме на економијата, антикорупцијата и на евроинтеграциите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK