Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица. Гори трска и останата вегетација, а силниот ветер го отежнува или оневозможува гасењето на пожарот, извести директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
На терен се пожарникари од Струмица, Валандово, Радовиш и Богданци.