Шест нови случаи на голема кашлица во Скопје

Синдромот-на-„белите-дробови-стигна-до-Европа-воспалението-од-Кина.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шест нови случаи на голема кашлица се забележани во Скопје, со тоа бројот на заразени од пертусис се зголеми на 28 од почетокот на годината, извести Центарот за јавно здравје.


Пред една седмица Комисијата за заразни болести препорача да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје.

Александар Петличковски, претседателот на Комисијата, препорача забрана за прием на невакцинирани деца против пертусис во градинките и апелираше сите што ја пропуштиле вакцинацијата со редовниот календар – да се вакцинираат.

По препорака на Комисијата, вакциналните пунктови работат во две смени преку работната недела и до 14 часот во сабота.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK