Шеќеринска: Кога ЕУ не успеа да ги елиминира билатералните прашања, тогаш мора да седне и да помогне на масата со Бугарија

Шеќеринска-Кога-ЕУ-не-успеа-да-ги-елиминира-билатералните-прашања.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Потпретседателката на Партијата на европски социјалисти Радмила Шекеринска денеска на панелот „Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари ризици?“ порача дека според нејзиниот Институт за одржливи и иновативни политики, ЕУ неможе да има геополитичка релевантност без процесот на проширување.

„Добрата вест е дека околу тезата за проширувањето веќе нема дилеми во ЕУ, лошата вест е дека за нас во Северна Македонија и за Западниот Балкан тоа не е доволно“, рече таа.

Во проект на „Политикум“ а во врска со уставните измени, како што рече, доминирал заклучокот дека ниту еден политички или експертски фактор во изминатите 12 месеци, не излегол со листа во која што ќе каже дека уставните измени се некаков ризик по државата.

„Главните резерви беа дали уставните измени ќе бидат доволни и дали ќе значат крај на процесот на условување. Тие се наш дел од работата и треба да се завршат“, рече Шекеринска.

Друга препорака според Шекеринска, е дека ЕУ мора повремено да седнува на нашата билетералната маса со Бугарија.

„Кога Северна Македонија преговара со својот сосед од другата страна не ја има само Бугарија, туку и неговата политичка моќ која произлегува од членството во ЕУ и нашата желба да станеме членка на Унијата. Кога веќе ЕУ не успеа да ја избалансира таа асиметричност со тоа што билатералните прашања на некој начин ќе ги елиминира од процесот, тогаш сметаме дека ЕУ мора да седне на масата и да помогне за да се најде одржлив и продуктивен процес“, истакна таа.

Според поранешната министерка, домашните реформи повеќе треба да ги гледаме како цел за себе, и дека помалку треба да ги гледаме само низ прозмата на ЕУ и нејзнината политика на условеност

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK