Потпретседателката на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вчера учествуваа на панел дискусијата „Влијанието на анти-родовото движење на агендата на жените, мирот и безбедноста“ во рамки на регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерство во Скопје.
Во своето излагање, Шекеринска потенцираше дека жените, мирот и безбедноста се многу поврзани со реалниот живот и дека жените многу подобро се справуваат со предизвиците, тие треба да бидат погласни, но и да разговараат за феминистичките прашања.
Во своето излагање, таа изјави дека борбата и аргументите се пред нас, можеме да се ангажираме со емоции и страст, но треба да имаме и отворено срце, бидејќи ако не ја отвориме вратата за сите жени, тогаш феминистичкото движење ќе ослабе.
Министерот за внатрешни работи Спасовски, рече дека наша заедничка цел е да ги собереме на едно место сите прогресивни жени и активисти, на еден заеднички фронт во борбата за еднакво и одговорно општество, базирано на европски вредности.
Тој информираше дека најголемиот позитивен чекор во унапредувањето и прифаќањето на прогресивните идеи за половата рамноправност е направено во периодите кога социјалдемократите се на власт.
Спасовски, потенцираше дека се усвоени документи што отворија нови перспективи и први започнале со зголемување на процентуаната застапеност на жените во партиските органи, се до целосна рамноправна застапеност, со што се покажа дека се спремни да ја менуваат политичката и општествена стватност, а на ниво на МВР и БЈБ при МВР има жени на клучни раководни позиции.
Регионалната Академија е во организација на Фондацијата Фридрих Еберт и ФЕС Дијалог Југоисточна Европа.