Шефицата на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ ОДИХР во посета на Јавното обвинителство

viber_image_2024-04-01_15-12-48-308-1024x768.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Јавниот обвинител Љупчо Коцевски оствари средба со Шефицата на Набљудувачката мисија за изборите на ОБСЕ/ОДИХР Џилиан Стирк. На средбата присуствуваа и јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата на Јавното обвинителство за следење на евентуални изборни нерегуларности, како и Елена Коваљова, правен аналитичар од ОДИХР.

На состанокот, Коцевски ги запозна претставниците на Набљудувачката мисија со законските надлежности и со организацијата на Јавното обвинителство за следење на изборниот процес за претстојните претседателски и парламентарни избори. Притоа, беа разменети информации во однос на кривичните дела од Глава 16 од Кривичниот законик, како и останатите кривични дела кои посредно можат да влијаат врз текот на изборите и за кои исто така обвинителството приоритетно ќе постапува.

„Во интензивна комуникација сме со МВР, но и со Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Антикорупциската комисија, со кои активно се координираме во следењето на изборниот процес согласно нашите законски надлежности“, нагласи Коцевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK