ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа. Во дворските игри и пресметки Мицкоски да не ја меша СДСМ, изјави Мелиса Ценовска Серафимовска, членка на Централниоит одбор на СДСМ.
Таа рече дека се видливи големи внатрепартиски проблеми во ДПМНЕ и анти ЕУ кампусот.
„ДПМНЕ се распаѓа. Обидите за создавање конфузија во јавноста и очајната потреба да ја вмеша и СДСМ во внатрешните поделби и кавги во ДПМНЕ нема да му помогнат на Мицкоски. Во дворските игри и пресметки Мицкоски да не ја меша СДСМ и сам да си ги решава кавгите“, рече Ценовска Серафимовска.
Како што додаде Ценовска-Серафимовска, Мицкоски е бледа копија на Груевски. Изјави дека политиката на блокада на Мицковски е исто така само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него.