Полицијата се уште трага по напаѓачот кој рани две лица среде бел ден во вооружениот напад врз градоначалникот на Арачиново. Во нападот се ранети возачот на Ридван Ибраими и еден од вработените во општината.
Целта на нападот според информациите бил градоначалникот на оваа општина, кој не е повреден, но двете лица кои биле во негова придружба се итно пренесени во скопските болници.
Ова е трет напад врз градоначалникот на Арачиново. Пред една година полицијата уапси 69-годишен маж од селото Арачиново откако претходно добила пријава од градоначалникот на општината, Ридван Ибраими. Тој упатувал закани по животот на градоначалникот во врска со предмет за доделување на користење на земјиште. Тој и во септември 2022 година во полицијата пријавил дека бил цел на физички напад.
Од МВР најавуваат расчистување на случајот, а од обвинителството преглед на снимките од околните објекти.
Ридван Ибраим од јануари 2010 година секогаш е на раководни функции во здравствените установи.