– Со цел да се заштити од понатамошни поголеми оштетувања во тек се одредени зафати на црквата „Света Богородица“ во село Церје, Општина Пустец, информираа од Црковниот одбор.
– Изразуваме голема благодарност до Тодор Ќиска, Борче Постоличин, општина Пустец, Арјан Сотирофски, Петре Ридо, Васил Постоличин, Алекс Колефски и Мише Марко за дадената помош со која е завршенапрвата фаза од планираните активности, додаваат од Одборот.
Објаснуваат дека се санирани пукнатините на повеќе делови, извршено е чистење на каменот од кој се изградени ѕидовите, како и фугирање на предните делови од ѕидовите.
– Во следниот период планирано е уредување на дворот и внатрешноста на црквата, како и фугирање на задниот дел за што е потребна помош од сите верници. Сите добронамерници се добредојдени. Богородица да не чува сите, порачуваат од Одборот.
Овој храм датира од 1912 година. Патрон на црквата е 28 август – Успение на Пресвета Богородица, кога освен постојаните жители тука доаѓаат и поранешни жители и нивни потомци кои сега живеат во Ресен, Битола, Охрид, како и неколку градови во Грција.