Се проверува со кого и што зборувал скопјанецот што ги опожари автомобилите на бугарската амбасада


screenshot_17-6-2026_142623_www.youtube.com_.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Струмица не сакаше да даде каков било одговор на обвинувањата од бугарските политичари дека запалените автомобили на бугарската амбасада во Скопје се атак врз државата, но кажа дека трае распитот на скопјанецот кој ги запали. Тој очекува дека истрагата ќе утврди што стои во позадина на целиот настан.


„Ние ако Влада го осудивме тоа, го отфрливме. Она што го направивме како Влада е тоа што веднаш го обезбедивме лицето кое што е сторител на овој кривично-правен чин. Трае распитот, исто така се одземени и уредите за комуникација, да видиме дали можеби имал комуникација во периодов, да видиме со кого имал комуникација, која е содржината на таа комуникација, така што распитот со сторителот сè уште трае. Јас не би брзал со какви било квалификации од страна на нашиот источен сосед, но она кое што сакам да го кажам е дека најсилно го осудуваме како Влада и ќе постапиме во рамки на законските ингеренции кои што ги имаме. Очекувам дека ќе биде расветлено сето она кое е во позадина на овој случај“, рече премиерот Мицкоски денес, по посетата на болницата во Струмица.

44-годишниот скопјанец со иницијали (И.Д.) беше пронајден и уапсен пред два дена откога запали два автомобила на бугарската амбасада.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK