Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ за 7 години ја задолжи државата за нови 3.3 милијарди евра.
„Иако се задолжија за неколку нови милијарди, нема нови инвестици, автопатот Кичево – Охрид е незавршен 7 години, Скопје – Блаце два километра два мандати ги прават. На неколку милијарди нов долг, се уште по 100 луѓе секоја година собираат пари за лекување, нема терапии за ретки болести, а често нема ниту средства за апликација на терапија по болниците“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат оттаму, на неколку милијарди нов долг не успеале 7 години да го фатат теркот дека секој септември треба да има учебници за учениците, а не тие да ги чекаат дури во декември.
„Неколку милијарди нов долг, а народот е се посиромашен. 600 илјади живеат во сиромаштија речиси секој 3 граѓанин е сиромашен. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ