СДСМ: Уставните измени се за продолжување на европскиот пат, сите лаги на опозицијата се потопени

ustav-ustavni-izmeni.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уставните измени се за продолжување на европскиот пат и ќе ја обезбедат европската иднина на државата и на граѓаните, велат од СДСМ.


Важноста на историскиот момент пред којшто се наоѓа земјата, според оваа партија е од пресудно значење и потребно е да направи исчекор во евроинтеграцискиот процес.

„Вратите на ЕУ се отворени, поддршката од стратешките партнери е силна и јасна. ДПМНЕ нема аргументи за блокадата на донесувањето на уставните измени, сите лаги, до една им потонаа.
Прво ширеа страв и паника за асимилација и бугаризација и македонски јазик како бугарски дијалект. Не само што нема никаква асимилација ниту бугаризација туку имаме заштитен македонски јазик и идентитет“, се нагласува во соопштението од СДСМ.

Според партијата на власт, во вода им падна и реториката за бугарски диктат, преговорите не се водат со Бугарија, туку со Европската унија.

„Преговарачката рамка е усвоена од сите земји членки на ЕУ, а уште една лага на ДПМНЕ е дека за неа може повторно да се преговара. Уставните измени се за доброто на граѓаните, за продолжување на европскиот пат, за државата да стане членка на ЕУ до 2030 година“, додаваат од владејачката партија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK