Со исправните политики на СДСМ и членството во НАТО земјата е безбедна и сигурна., велат од владејачката партија.
„Одржувањето на неформалниот состанок на лидерите на државите членки на НАТО од регионот е уште една потврда дека нашата земја е препознаена како ценет НАТО сојузник и фактор на стабилноста во Западен Балкан.
Безбедносната стабилност носи економски просперитет. Странските инвеститори ја препознаваат Северна Македонија како сигурно место за вложувања, со што се обезбедуваат подобри работни места за нашите граѓани, повисоки плати и раст на животниот стандард.
СДСМ со храбри и решителни одлуки ја внесе државата во НАТО“, истакнуваат во нивното соопштение.
Додаваат дека продолжувањето на европскиот пат сега зависи само и единствено од сите нас и од одлуките што треба да се донесат во собранието.
„Членството во ЕУ е стратешка цел, друга алтернатива нема.
Граѓаните заслужуваат подобра иднина, подобар животен стандард, млади кои ќе работат во својата држава членка на ЕУ и ќе придонесуваат за нејзиниот просперитет“, велат од СДСМ.