СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Жена-во-инвалидска-количка-од-метежот-не-успеа-да-влезе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје, но и на 40 општини низ државата, ДПМНЕ сега излезе со нови лажни ветувања. Ништо од ветеното во Скопје не е реазлизирано, се вели во соопштението на СДСМ.


„Ги нема новите 250 автобуси, нема бесплатен јавен превоз, нема нови паркови.

Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, со јавни претпријатија во долгови.

Граѓаните се изневерени, изборните ветувања неостварени.

А, промовираната Платформа 1198 од минатиот век на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања“, потенцираат во напишаното од владејачката партија.

Се потврди, како што додаваат, дека ДПМНЕ нема план за иднината и дека оваа партија не може да донесе никаква промена.

„Со ДПМНЕ е можно само враќање назад, во изолација и безнадежност“, истакнуваат од партијата на власт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK