СДСМ: Силјановска нема основно познавање од областите кои се во нејзина надлежност – доброволно служење воен рок одамна постои

1699431169_СДСМ-Поминаа-2-години-ДПМНЕ-ја-има-најнеспособната-локална-власт.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK


Силјановска Давкова демонстрира целосно непознавање на областите од нејзина надлежност. Дава предлози за некакви консултации околу прашања кои одамна се решени. Имено, доволно ќе беше да прочита барем дел на суштинскиот закон кој ја дефинира нејзината надлежност, законот за одбрана, и ќе видеше дека во десетина членови и сега е предвидено доброволно отслужување на воен рок. И тоа е така веќе речиси две децении, велат од СДСМ.







„Очигледно Претседателката уште еднаш потврдува дека е залутана на позицијата Врховен командант на Армијата. Имено, според Законот за Армија, воената служба на граѓаните се состои од 1) Доброволно служење на воен рок и 2) Служба во резервните сили на Армијата“, дополнуваат од СДСМ и додаваат:

„Силјановска Давкова од почетокот на совјата функција докажува дека нема никаков капацитет да биде Врховен командант на македонската Армија, прекршува протоколи и не ги познава законите. Очигледно нема ниту Кабинет кој знае да и укаже на ваквите елементарни непознавања“.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK