СДСМ: Претседателот на државата да се бира на непосредни избори, а не во Собрание

СДСМ-Претседателот-на-државата-да-се-бира-на-непосредни-избори.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Остануваме на ставот претседателот на државата да се бира на непосредни избори, велат од СДСМ потенцирајќи дека идејата претседател да се бира во Собранието, наместо на избори не е нова.

„Станува збор за реафирмирање на барањето на ДУИ од 2019 година коешто не беше прифатено од страна на СДСМ. Како и тогаш така и сега, ставот на Социјалдмократскиот сојуз на Македонија останува идентитечен: моделот на избор на претседател на државата не треба да се менува. Не треба да се оди назад во демократските процеси“, велат од СДСМ.

Партијата смета дека претседателот на државата треба да го бираат граѓаните на директни, непосредни избори како врвно демократско право на граѓаните. Претседателот на државата, како што велат од СДСМ,  треба да биде претставник не само на мнозинската волја на граѓаните туку и на сите граѓани, без разлика на нивната политичка, етничка или друга припадност.

„Претседателот на државата е човек кој е над партиските и над етничките определби, ги претставува сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи, сите. Само Претседател избран директно од страна на граѓаните има толку широк потенцијал, да може да делува во обединување на општественото, на граѓаните, на партиите и да допринесе за остварување на врвните стратешки и национални цели“, се вели во соопштението на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK