СДСМ: Пендаровски е победнички кандидат со јасна европска визија

pendarovski-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Стево Пендаровски е победнички кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата, велат утрово од СДСМ преку соопштение, ден по официјализирањето на поддршката за неговата кандидатура на претстојните претседателски избори.

„Во досегашниот мандат Пендаровски покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани.

Во неговиот прв мандат земјата стана членка на Алијансата, а сега е време за наредниот чекор, во вториот мандат на Пендаровски државата да стане членка на ЕУ.

Македонските граѓани сакаат прогрес, стабилност, мир и спокојство!

Токму затоа граѓаните ќе дадат поддршка за кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK