СДСМ: Нема проекти во Скопје, антиевропската ДПМНЕ со Ќосето ги враќа спомениците на режимот

koseto.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Катастрофа му се случува на Скопје секогаш кога ДПМНЕ и нивни градоначалници го водат Градот, велат од СДСМ.


Скопје, како што оценуваат од партијата на власт, две години е град без перпективи, со нефункционални институции, преплавен со ѓубре, без достоен јавен превоз, без ниту еден реализиран нов капитален проект.

„И наместо да понуди решенија антиевропската партија ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски на скопјани им нуди споменици од режимот, како оној на Андон Јанев – Ќосето, историска контроверзна личност – еден од најголемите крвници на македонскиот народ. Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен од страна на режимот и затоа беше отстранет. Неговата локација пред зградата на судот беше сфатено како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт.
Најавата за повторно поставување на споменикот на Ќосето е продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската антиевропска ДПМНЕ и ништо друго“, наведуваат од владејачката партија.

СДСМ преку својата советничка група ќе се спротивстави, како што велат, на предлогот за враќање на споменикот, и според оваа партија, тој не треба да биде никогаш повеќе поставен каде било, неговото место е во негативните поглавја од македонската историја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK