СДСМ: Единствената шанса за подобра македонска иднина е членство во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 

Членството во Европската унија претставува единствена шанса за подобра македонска иднина, велат од СДСМ преку соопштение.



 

„СДСМ иднината на Македонија ја гледа во ЕУ, како горда, рамноправна членка на европското семејство, до 2030 година.

Државата со СДСМ по 17 години чекање ги започна преговорите за членство во ЕУ и успешно го заврши скрининг процесот.

СДСМ на економски план изминатите години направи многу. Пензиите и платите ги покачи на историски највисоко ниво, успешно се справи со енергетската криза, како и со ковид кризата, преку антикризни пакети и таргетирани мерки парите се враќаат назад кај граѓаните.

Можностите за поголеми плати и пензии, функционален судски систем, забрзан раст на економијата, поголеми инвестиции, европски стандарди во сите области, доаѓаат од членството во ЕУ.

Друга алтернатива нема.

Она што го нудат Мицковски и ДПМНЕ е целосно откажување од иднината. Даваат лажни ветувања, со кои ја носат земјата во изолација.

Претстојните избори се најголемата шанса за да продолжи напредокот кон ЕУ со глас за СДСМ и коалицијата и да се спречи заканата од изолација на земјата со ДПМНЕ.

Не смееме сега да застанеме кога сме пред целта“, се вели во соопштението на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK