СДСМ: Блокаторите на европскиот пат, ДПМНЕ и Левица ќе бидат поразени

СДСМ-Мицкоски-и-ДПМНЕ-да-одговорат-за-скандалот-со-кумската.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според СДСМ, блокадите на антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица се единствената причина поради која државата не започна со процесот на отворање поглавја, и покрај успешно завршениот скрининг процес, силната и недвосмислена поддршка и отворените врати на ЕУ.


Деструктивните активни блокади на ДПМНЕ во македонското Собрание, како што велат од СДСМ, се на штета на државата и на сите граѓани.

„Затоа на изборите блокаторите на европскиот пат, ДПМНЕ и Левица ќе бидат казнети и поразени.

Активната блокада е времена блокада.

Со победа на европскиот фронт предводен од СДСМ на двојните избори, европскиот пат продолжува до полноправно членство во ЕУ, затоа што граѓаните заслужуваат и подобро и повеќе, заслужуваат европска иднина“, потенцираат од партијата на власт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK