СДСМ: 32 години независност ја потврдија исправноста на државничките одлуки, исто ќе биде и со ЕУ

СДСМ-32-години-независност-ја-потврдија-исправноста-на-државничките-одлуки.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Овие 32 години независност ја потврдија исправноста на државничките политики, покажаа дека тешките одлуки денес значат подобра иднина утре.


Во текот на 32 години како суверена, независна и демократска држава, беа надминати бројни предизвици и премрежија, но со решителноста на сите граѓани за слободна, напредна и економски развиена татковина, рамо до рамо со европските народи, успеавме на трнливиот пат.

Суштинското значење на државничките одлуки го дава денешната реалност, Македонија е меѓународно признаена држава, слободна и суверена, со обезбедени граници, со признаен македонски јазик и идентитет, со развојна економија, повисоки плати и пензии, успешна мултиетничка демократија, членка на НАТО и на патот кон Европската Унија.

Исправноста на одлуката за членство во ЕУ исто така ќе биде потврдена. Тоа е одлука за подобра иднина и подобар животен стандард со европски вредности.

Секој што добро им мисли на граѓаните и на татковината ќе ја поддржи одлуката за продолжување на европскиот пат“.

Соопштение на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK