СДС како ученичиња го гласаа Талат, се удираа во гради дека нема да ги прифатат министрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Избрани-заменик-министрите-во-преодната-Влада.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДС со недели се удираа во гради дека нема да ги прифатат министрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада. Потоа Ковачевски велеше дека ќе има техничка влада без министри од ВМРО-ДПМНЕ, а вчера кога требаше да се гласа владата со премиер Талат Џафери како ученичиња се нацртаа да го изгласаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


Евидентно е, според нив, дека СДС на поклон ја дава државата на ДУИ, а за возврат така ги купува своите фотелји и владеење.

„Евидентно е и дека ДУИ владее со СДС, а Ковачевски го моли ДУИ да го поддржат на наредните избори нивниот претседателски кандидат и да имаат заеднички листи на параламентарните избори.

Токму поради таквата пресметливост народот смета дека повеќе не постои држава, ниту систем“, истакнуваат од оваа партија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK