Времето поминува а обвинителството молчи за Кривичната пријава поднесена од СДСМ за „Алта банка“, реагираат од СДСМ.
Според оваа партија, обвинителот Ненад Савески има обврска пред граѓаните да одговори, до каде е постапувањето по кривичната пријава против Трајко Славески и другите одговорни лица во Народната банка за Алта банка.
„Дали е оформен предмет? Дали е определен обвинител што постапува?
Кои дејствија се преземени?
Кривичната пријава е темелна, опширна и со конкретни правни аспекти и основани сомневања за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување.
Трајко Славески е директно одговорен, тој ја даде дозволата и како што самиот призна во координација со Мицкоски ја донесоа пералницата на Вучиќ, криминалната Алта банка во Македонија“.
Луѓето, оценуваат во СДСМ, сега не можат да дојдат до своите пари, пензионерите до своите пензии, загрозен е и банкарскиот систем.
Обвинителството, бараат од таму, мора бргу да реагира за да спречи уништување на докази, заташкување, криење на сметки и трансакции.
„СДСМ веќе побара да се преземат законски мерки за заштита на доказите и спречување евентуално влијание врз сведоците, вклучително и да се побара привремена забрана за вршење на должноста на Славески.
Што е преземено од страна на Обвинителството?
Ниту една функција не смее да биде штит од одговорност.
Обвинителството не смее да биде последната линија на одбрана на власта.
Савески, јавноста очекува одговор: до каде е кривичната пријава за Алта банка“.