– Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) објави нов отворен повик за предлози за проекти за ГО, наречен „RYCOnnecting You(th)“. Ова е петти пат како RYCO организира отворен повик за граѓански организации во регионот, во последните седум години.
Отворениот повик на RYCOnnecting You(th) содржи две главни тематски области: градење мир и помирување и зајакнување и активирање на младите во општеството.
Општата цел е да се поддржи граѓанското општество во Западен Балкан преку обезбедување на можности на младите луѓе кои создаваат простор за дијалог, заемно учење и зголемено разбирање низ целиот регион. Вкупниот финансиски буџет за овој повик е 300.000 евра, додека големината на грантовите е помеѓу минимум 15.000 евра и максимум 30.000 евра, наведуваат тимот од RYCO во соопштението.
Право да аплицират имаат непрофитни граѓански организации, основани во Западен Балкан 6 (WB6): Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, кои имаат минимум една година пред започнувањето на овој повик за апликации.
Крајниот рок за поднесување е 15 август 2023 година. Повеќе информации за отворениот повик RYCOnnecting You(th) се достапни на веб- страницата www.rycowb.org.