„Русковска сега има можност да ги признае сите злодела кои ги извршила и по чија наредба“, велат ВМРО-ДПМНЕ

„Русковска-сега-има-можност-да-ги-признае-сите-злодела-кои.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Правдата е некогаш спора, но секогаш пристигнува. Без оглед на околностите кои денес доведоа до тоа крајот на кариерата на Вилма Русковска да биде преку разрешување од функцијата обвинител, колку помалку „вилми“ има, толку подобро за правдата, довербата во судството и граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Во ситуација кога корупцијата е толку голема и несанкционирана, тешко е да се посочи правичен и меродавен орган кој објективно ќе оценува правосудни чинители. Сосема е можно ова да е резултат на “мафијашка пресметка” во правосудството, но како факт останува дека Русковска доби заслужена максимална деградација од Советот на јавни обвинители.

Како обвинител за кој многупати реагиравме дека е инструмент на власта во прогонот кон неистомислениците и патриотите, Вилма Русковска допрва ќе има прилики да зборува и да ги признае сите злодела кои ги извршила како и тоа по чија наредба.

Ова е само мала правдина за неправедно осудените, вистинската ќе дојде со нивната слобода и кривичната одговорност за Русковска и нејзините соучесници“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK