Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: Машините набавени од Битола и Велес се најсовремени, ако тоа е криминал, тогаш зошто СДС молчи за Центар и Струмица кои набавија исти такви машини

vmro-dpmne-zgrada.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Набавката на машините за бележење на хоризонтална сигнализација во општините Битола и Велес е според сите законски норми и прописи. Машините се произведени од најреномираната фирма во областа GRACO од САД, и истите се најдобри во својата област, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека е дезинформација оти за 2.950.000 денари е набавена една машина. Вистината е дека се набавени две машини.

„Постапката на јавната набавка е извршена во согласност со ЗЈН и договорот е доделен на фирмата која ги задоволила потребните технички критериуми и останати услови предвидени во тендерската постапка. На јавната набавка во Битола не се јавила фирмата JUNDA Made in China, но и да се јавела немало да и биде доделен договор, бидејќи истата не е со сопствен погон (односно самоодна, параметар што исто така е важен и секако ја зголемува цената на чинење, но и тој за жал е предмет на потсмев и манипулација). Чудно е зошто СДС нема прес конференција и за општина Центар и Струмица кои исто така имаат набавено машини од истиот производител. Ако тоа е криминал, тогаш треба да реагираат и за овие општини, каде градоначалниците се од нивната партија. Машини од истиот производител имаат набавено и голем број приватни субјекти во Македонија, ако истите биле лоши, тие немачо да ги набават. СДС е деструктивна и манипулативна. Извртува и лаже. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, велат од партијата.

Претходно, Дарко Каевски од СДСМ рече дека нова афера со астрономски суми, односно сомнителни јавни набавки со цени над реалните ги тресе градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Податоците и документите јавно објавени во дел од медиумите покажуваат дека градоначалниците на ДПМНЕ преку општините купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена. Општина Битола на пример, набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација за речиси 50.000 евра, или точно 2 милиони и 950 илјади денари. Иако вакви машини може да се најдат и за 2-3 илјади евра, па дури и помалку. Замислете, станува збор за разлика од 47.000 евра! Општина Велес исто така набавила ваква машина по исто така астрономска сума од 42.000 евра. Разлика од речиси 40.000 евра. Прашањето е во чии џебови завршила разликата? Особено имајќи предвид дека општина Илинден набавила иста таква машина по три пати помала цена од оние во Велес и Битола?! Дали е ова уште еден пример за рацете во медот на првите луѓе во општините од страна на ДПМНЕ? Сите овие информации се основано сомнение за злоупотреба на парите на граѓаните“, кажа тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK