Реакција на Уставниот суд на невистинити и неточни тврдења на министерот за правда Кренар Лога

USTAVEN SUD
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Имајќи ја предвид својата позиција и независност, Уставниот суд е должен да реагира на невистинитите и неточни тврдења искажани од страна на министерот за правда Кренар Лога.

Согласно уставната положба која на Уставниот суд му обезбедува да се дистанцира од секаков политички авторитет, Судот укажува дека е недозволиво за член на Владата како носител на извршната власт јавно да ги доведува во заблуда граѓаните со изнесување на произволни констатации и невистини во врска со работењето на Уставниот суд.


Имено, во интервју во живо на „ТВ Сител”, насловено како „тема на денот” на ден 12 јули 2023 година 19 часот, господинот Лога сподели невистини и погрешно ја информира јавноста во врска со т.н. Упатство за водење на матичните книги, кои потоа се споделени и преземени од повеќе медиуми.

Неточни се тврдењата на министерот за правда  Кренар Лога дека од  Уставниот суд е побарано мислење во било која форма за понатамошно постапување со издавање на изводите бидејќи нема пристигнато таков допис од ниту од Управата за водење на матични книги, ниту пак од Министертвото за правда.

Во интерес на зачувување на достоинството и угледот на Судот како единствена институција со такви надлежности, информираме дека Уставниот суд комуницира преку своите акти, но во никој случај не е дел од формалната процедура Судот да врши консултација со било кој учесник во постапката и да советува откако ќе биде донесена одлука.

Уставниот суд нема надлежност да кажува кои се идните чекори по донесени одлуки, затоа што доносителите на актите имаат обврска да ги решаваат проблемите.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK