Реакција на Општина Аеродром: Додека СДСМ се занимава со градоначалникот на Аеродром, државата тоне во корупција, криминал и нефункционалност

Реакција-на-Општина-Аеродром-Додека-СДСМ-се-занимава-со-градоначалникот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Коалицијата СДСМ и Арсовска продолжува да шири лаги и дезинформации за Аеродром, политичката групација која ја потона државата во корупција и криминал и го затрупа Аеродром во ѓубре и отпад, денес повторно преку прес конференција се обидуваат да ги излажат граѓаните, реагираат од општина Аеродром.


„Аматерски, како што е нивната „грижа“ за нашата општина, така денес со беспрекорна леснотија обвинуваат за нешто за одговорноста ја имаат токму тие. СДСМ заедно со коалициониот партнер „Нова Алтернатива“, токму како што седум години ја водат државата во погрешна насока и денешната прес конференција ја упатуваат на погрешна адреса. Посочените фотографии се направени на приватен имот и на локација која е во надлежност на Град Скопје. Вината за тоа што конкретната локација е нечиста ја имаа само градските власти, како што СДСМ е во коалиција со Арсовска. Анкетите покажуваат дека лажната грижа на СДСМ за граѓаните не поминува. Рејтинзите покажуваат дека и покрај тоа што СДСМ и нивната коалиција е опседната со градоначалникот Муцунски и Општина Аеродром, граѓаните и понатаму поддржуваат проекти, развој и дела, а не манипулации, лаги и дезинформации. Деструктивноста на СДСМ и Арсовска, единствено влијае на нивниот рејтинг, кој од ден во ден е се поблиску до нулата. На крајот потсетуваме дека Општина Аеродром е цврсто посветена на реализација на проектите кои се ветени пред граѓаните. Дел од тие се проекти се поврзани со позелена и почиста општина и нивната реализација тече без никакви пречки. Денес граѓаните на Аеродром, своето слободно време го поминуваат на новите паркови и игралиштa, а токму анкетите покажуваат дека тие ги поддржуваат ваквите проекти“, се наведува во реакцијата.

Претходно, Сузана Делева, советничка на СДСМ во Советот на Општина Аеродром рече дека Аеродром тоне во нечистотија, некогаш најчистата и најзелена скопска општина денес се претвора во огромна дива депонија, за која речи си никој не води грижа.

„Секојдневно сме сведоци на преполни корпи за џебен отпад кои делуваат како никогаш да не се исчистени. Блоковското зеленило се полни со кабаст отпад кој со месеци стои на зелените површини на кои некогаш играа деца. Јавните површини меѓу зградите никогаш не биле повалкани. Ѓубре на секој чекор можат да посведочат нашите сограѓани кои секојдневно упатуваат апели за редовно чистење на општината. Го потсетуваме градоначалникот Тимчо Муцунски, дека доби доверба од граѓаните со ветувањата дека Аеродром ќе биде најчистата скопска општина, по реорганизацијата на службите за одржување на хигиената. Ова беше еден од неговите топ 7 приоритети за Аеродром. Секојдневие станаа и преполните контејнери во Стар Аеродром и околу трговските центри Скопјанка, Три Бисери, Бисер, Капитол, Лиса и други јавни површини со зголемена фреквенција на движење. Речи си никаква реакција од Муцунски и Општината за ваквата алармантна состојба нема ни до Градот Скопје и јавното градско претпријатие Комунална хигиена. Јавно го прашуваме Муцунски, има ли Аеродром градоначалник? Го повикуваме Градоначалникот на Аеродром, да се фокусира на обврските во општината наместо да се занимава со претстојните парламентарни и претседателски избори. Ѓубрето во Општина Аеродром нема само да се исчисти“, рече Делева на прес-конференција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK