Работници, вие сте столбот на општеството, поддршка за вашите права и синдикатите

prvi_naj_levica_FB_IMG_1714509129253
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

🚩 Во пресрет на 1 Мај, Левица, како единствена Партија на трудот, дава поддршка на утрешните протести организирани од синдикатите во Република Македонија.







✊️ Организираниот труд е искрата во модерното време во кое владее профитот како главен двигател на политичките текови кои создаваат богатство за малкумина потиснувајќи го мнозинството. Оваа држава ја одбраниле и изградиле работниците, а ја ограбиле великопоседниците.

Левица има најопсежна и суштинска програма за трудовата политика, како ваша Партија – партија на работничкиот народ. Ни треба суштинска промена, не лажна козметика, и тоа:

– 6 часовно работно време;

– Укинување на договорите на определено време;

– Зголемување на минималната плата на 2/3 од утврдената синдикална потрошувачка кошница;

– Задолжителна исплата на платите до секој седми во тековниот месец;

– Задолжителна дупла дневница за работа за викенди и празници;

– Повторно учество на работниците во Управните одбори на претпријатијата;

– Проширување на дефиницијата за професии со бенифициран стаж за трудово интензивни професии;

– Здравствено осигурување и во случај на неисплатени плати и неплатени придонеси од страна на работодавците;

– Воведување на дополнително татковско отсуство, за новородено дете и

​​​многу други мерки кои ќе го вратат вашето достоинство.

📢 Работници, вие сте столбот на општеството и без вас не може ништо!

Пробудете се и зграпчете ја политичката моќ назад во свои раце!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK