Пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет” и шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и во сабота (16 декември)
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет” во Скопје ќе работи и на 16 делември, во сабота, од 8 до 16 часот.
Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување.
Истотака, во сабота ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ, од 08 до 20 часот, и Беко – од 08 до 16 часот.