Првиот училишен ден е најважен- Шпаркасе Банка со пријатно изненадување за своите вработени-родители на првачињата

prvacinja
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во пресрет на 1-ви септември, првиот училишен ден Шпаркасе Банка уште еднаш покажа дека е компанија која води грижа за своите вработени и е тука за нив, во најзначајните моменти од нивниот живот.

Следејќи ја својата стратегија за општествена одговорност и грижа за вработените, во рамки на „Sparkasse Life“платформата, Шпаркасе ќе им пружи поддршка на сите свои вработени, кои се родители на првачиња.


Знаејќи колку овој ден е значаен за родителите и децата, на сите вработени кои имаат деца првачиња Шпаркасе им подарува слободен ден, односно им обезбедува право на платено отсуство од еден работен ден за првиот училишен ден!

Така, вработените ќе можат да ги испратат своите деца до училишните клупи но и да го поминат денот заедно со своите најблиски.

За овој ден навистина да биде посебен и незаборавен, Шпаркасе Банка се погрижи и  организира денска забава за првачињата на вработените, во игротека Киндер Парк, во Градскиот парк со почеток од 13:00 до 15:00 часот.

Дополнително, за среќен и лесен почеток сите дечиња на вработени од Банката кои се првачиња оваа учебна 2023/2024 година ќе добијат и финансиска поддршка. Како подарок ќе им бидат отворени депозити од типот Детско Штедење, на кои Банката ќе депонира износ од 3.000 МКД.

На овој начин, Банката сака да ги мотивира и поддржи најмалите, уште на почеток од нивниот образовен пат, во стекнување на добри финансиски навики за штедење.

Шпаркасе Банка, воедно им посакува успешен почеток на сите првачиња и на сите ученици во школската 2023/2024 година, и ги поттикнува да вложуваат во своето знаење и да веруваат во себе, затоа што тие се иднината на нашата земја.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK