Промовирана „Најди ме“ – првата веб-страница во Македонија за исчезнати деца

Малолетничка-од-Тетово-исчезнала-од-домот-се-претпоставува-дека-заминала.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во функција денес е ставена веб-страницата „Најди ме“, која е дел од системот за рано предупредување на исчезнати деца во Македонија.


Веб-страницата ќе биде достапна на македонски, албански и ромски јазик, а на неа ќе може да се алармира за исчезнати деца со рано предупредување.

Министерот за образование, Јетон Шаќири најави новини во новиот електронски дневник од второто полугодие за родителите веднаш да имаат увид дали нивното дете дента стигнало во училиште и е внесено во е -дневникот.

„Исчезнувањето на личност без трага секогаш предизвикува огромна загриженост и страв кај членовите на семејството, пријателите и познаниците, чувства кои заедно со она најизразеното во моментот – беспомошноста, може да доведат до избрзани и непромислени постапки. Најсилни се емоциите кога исчезнува дете и затоа, не постои дилема дали државата треба да има систем за рано предупредување за исчезнати деца“, истакна министерот Јетон Шаќири.

„Добро е што првиот чекор е направен. Имаме пилот проект и огромна благодарност до сите кои учествуваа во креирањето на оваа првична верзија на системот што денес ќе биде презентиран. Се надевам дека ќе биде ефикасен, но и верувам дека сите ние ќе се заложиме во иднина тој континуирано да се надградува, особено со примена на позитивни искуства од развиените земји“, рече Шаќири, потецирајќи дека Северна Македонија е земја која ја има ратификувано Конвенцијата на ОН за правата на детето и како што рече, ставот по однос на ова прашање, меѓудругото може да го зацврсти и токму со воспоставување и примена на ваква алатка.

Министерот посочи дека образовниот систем има важна улога во раното предупредување за исчезнати деца и дека Министерството за образование и наука го става на располагање сиот свој капацитет во развојот на овој систем.

„Сите поминуваат низ системот на образование, а тој игра клучна улога во раното откривање на исчезнати деца. Наставниците и училишниот персонал често се првите што забележуваат кога детето е отсутно или пак детектираат кога тоа е во некаков ризик, кој се манифестира преку неговото однесување, изглед и слично. Од друга страна пак, токму во училиштата и преку наставата и воннаставните активности, децата се запознаваат со потенцијалните опасности кои ги демнат. Така ќе биде и понатаму. Едукативните содржини поврзани со оваа тематика, веројатно ќе стануваат сè позастапени“, рече Шаќири.

Додаде дека МОН ќе продолжи да се заложува за унапредување на безбедноста на учениците, не само во рамки на училишните објекти, туку и надвор од нив, заедно со другите надлежни институции како МВР, но и локалните самоуправи, самите училишта и партнерските организации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK