Промовирана монографија по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со Италија

IT1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Денес во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија беше промовирана Монографија по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, во организација на Амбасадата на Италијанската Република во Скопје.

Министерот Бујар Османи изрази задоволство и чест што Министерството за надворешни работи денеска е домаќин на промоцијата на Монографијата која е издание на Амбасадата на Италија и каде се опфатени најзначајните моменти од историско значење за двете земји. Османи истакна дека со Италија во континуитет градиме пријателски и партнерски релации кои се одраз на меѓусебно почитување и интензивна соработка во сите сфери на општественото живеење.

„Политичките односи, детерминирани од принципиелната италијанска поддршка на аспирациите за членство на нашата држава во Европската Унија и НАТО се од особено значење, бидејќи поддршката доаѓа токму од еден од стожерите на овие организации, сметајќи ја нашата земја за клучен фактор за мирот и стабилноста во Регионот”, рече Османи.

Со издавањето на оваа значајна публикација во облик на хронолошки пресек на билатералните релации, се заокружува одбележувањето на јубилејот во чии рамки изминатиот период беа одржани серија пригодни настани. Република Северна Македонија и Италија тридеценискиот јубилеј на воспоставени дипломатски односи го гледаат како нова појдовна точка за натамошно продлабочување на дипломатските односи и соработка како идни рамноправни членови на европското семејство.

На денешното промовирање на монографијата свое обраќање имаа и амбасадорот на Италија во Скопје, Андреа Силвестри, претседателот на парламентарна Комисија за надворешна политика, Антонијо Милошоски, претседателот на Пратеничката група на Собранието на Северна Македонија за соработка со Парламентот на Италија, Елми Азири, како и првиот наш амбасадор во Италија, Виктор Габер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK