Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, наместа обилни (од 20 до 40 l/m2)воден талог со пороен карактер и појава на ретки грмежи.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер од јужен правец (над 70 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 16 степени.