Променливо облачно со умерен јужен ветер

Денес-сончево-време-со-температура-до-15-степени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во четврток и петок ќе има повремен локален дожд и ќе дува засилен јужен ветер што ќе допринесе температурите да бидат во значителен пораст. Промена на времето ќе има во сабота кога под влијание на влажен и студен бран ќе дува засилен северен ветер и ќе има врнежи кои на повеќето места ќе бидат од снег. Се очекува и формирање на снежна покривка и во некои пониски места.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK