Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни

Времето денес нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи, особено претпладне. На повисоките планини ќе има појава на снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степен.

Во Скопје претпладне со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 15 степен.

Во текот на ноќта и утре особено претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе опадне. Потоа до четврток ќе се задржи врнежливо и повремено нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и повремено засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK