Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и понекаде на повисоките места снег

Променливо-облачно-со-повремени-врнежи-од-дожд-на-планините-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и понекаде и на повисоките места во северните делови со врнежи од снег.

Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Од вечерните часови особено во северните и источните делови врнежите ќе преминуваат во снег и понекаде во пониските места. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK