Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

skopje_dozd_23424324
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Променливо облачно претежно во западните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините и понекаде на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 4 до 8 степени.







Во Скопје променливо облачно со слаб ветер од променлив правец и услови за појава на краткотраен дожд во делови од регионот. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 3 степени.

Денеска и во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и повисоките места особено во западните делови врнежите ќе бидат од повремен снег од што ќе се зголеми снежната покривка. Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и понекаде краткотрајно од снег.

Од денеска ќе започне почесто да дува умерен до повремено засилен јужен ветер кој што ќе допринесе утринските и дневните температури да бидат во најпрвин во постепен пораст, а дневните позначително кон крајот на работната недела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK