Иако многумина се одлучуваат за проверена елеганција, Елизабет Харли знае како да го привлече вниманието, дури и во своите шеесетти години.
Актерката Елизабет Харли ги сврте погледите кон себе во полупроѕирен црвен фустан додека присуствуваше на гала-настанот „Baby2Baby“ во Калифорнија во саботата навечер, придружувана од нејзиниот свршеник, Били Реј Сајрус.
Elizabeth Hurley, 61, stuns in sheer peek-a-boo dress on red carpet with fiancé Billy Ray Cyrus https://t.co/fmuYvUwduc https://t.co/87WqHQPogt
— New York Post (@nypost) November 15, 2026
За овој гламурозен настан – на кој присуствуваа бројни славни личности – 61-годишната актерка избра фустан со висока јака од дизајнерката Моник Лулие, украсен со цветни детали. Под проѕирниот материјал, таа носеше црвено боди со длабоко деколте.
View this post on Instagram
Изгледот го заокружи со сребрени висечки обетки, а долгата кафена коса ја стилизираше во благи бранови.
Од друга страна, 65-годишниот Сајрус се одлучи за црно кадифено сако и црни панталони. Пејачот – познат по хитот „Old Town Road“ – својата комбинација ја надополни со два ѓердани со крстови и очила за сонце.
View this post on Instagram
На парот им се придружи и 24-годишниот син на Елизабет, Демијан. Актерката и Сајрус се појавија заедно во јавноста откако „Page Six“ во октомври објави дека се свршиле по повеќе од една година врска.
View this post on Instagram
Веста тогаш ја потврдија извори блиски до парот, кратко откако Елизабет на Инстаграм објави фотографија на која позира со огромен дијамантски прстен.
View this post on Instagram
Двајцата се запознале на снимањето на филмот „Christmas in Paradise“ од 2022 година. Сепак, во тоа време Сајрус сè уште беше во брак со својата поранешна сопруга, Тиш Сајрус, од која се раздели во април 2022 година, по речиси три децении заеднички живот.