Променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд, по одделни котлини ќе има појава на магла

Променливо-облачно-претпладне-со-услови-за-локален-дожд-по-одделни.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд, особено во југоисточните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со слаба магла и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 11 степени.

До петок ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла.

Под влијание на влажен и студен бран во сабота ќе има значителна промена на времето со пообилни врнежи, кои во текот на денот во поголем дел од земјата ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите од недела значително ќе се намалат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK